МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Финансии има но нема тренер и играчки кадар. За утре е закажан итен состанок за решавање на проблемите

Деновиве по социјалните медиуми а потоа и по одредени спортски портали проструи веста дека ФК Росоман се откажува од настапот во третата лига југ. А причината е и повеке од бизарна. Имено во соопштението од ФК Росоман потпишано од претседателот Игор Темелков а превземено и објавено по социјалните мрежи стои дека ФК Росоман 83 се соочува со големи проблеми, пред се од кадровски аспект. Имено клубот наводно е во добра финансиска состојба, значи пари има благодарение на градоначалникот и советот на Општина Росоман, како и на поддршката која со години ја добива од поддржувачите и од одредени локални фирми меѓутоа проблемот е недостаток од играчки кадар односно нема фудбалери и нема тренер. Веднаш по објавувањето на оваа информација изреагираа градските структури и градоначалникот Николов лично и закажаа итен состанок за актуелната состојба за утре, среда со информација дека нема да дозволат клубот да се откаже од настапот во третата лига југ.Да споменеме дека ФК Росоман пред две сезони играше и во Втората македонска фудбалска лига, но експресно се врати во третолигашкото друштво.

М.В.

viber_image_2023-01-31_12-01-07-088