Формирани се комисии за промена во системот на натпревари кај младинците и женските суперлигаши
Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија на последниот состанок разгледа 12 точки на дневниот ред. Една од поважните одлуки се однесува на проширувањето на елитната машка лига од следната сезона,а сега тој предлог е официјализиран, па системот и проширувањето се очекува да бидат потврдени во месец мај. Беа формирани комисии за неколку предлози, меѓу кои промена во системот за натпреврување во младинските лиги, а беше најавено дека годишното собрание ќе се одржи во месец јуни. Комисијата за младински лиги треба да изнајде модел на систем на натпревари, со кој би се зголемил бројот на натпревари во конкретна календарска сезона во интерес на развојот на македонскиот младински ракомета истото важи и за женската сениорска лига за сезона 2022/2023.Се формира Комисија за спортски сали за создавање подобри услови и стандарди за организирање на ракометните натпревари. На состанокот стана збор за организација и промоција на престојното EHF Европско првенство во сениорска женска конкуренција кое ке се одржи во периодот од 4-ти до 20-ти ноември 2022 година а организатори се националните федерации на Словенија/Македонија/Црна Гора, како и за идните активностите на националните селекции сениорски и младински во машка и женска конкуренцијаШто се однесува до проширувањето на суперлигата планирано е од следната сезона таа да брои 16 екипи поделени во две групи по осум. Оние што ќе се пласираат од 1 до 10 место во тековната сезона, плус четирите првопласирани од Првата лига, додека последните две места ќе се пополнат преку две бараж средби на тимовите од 11 и 12 место од Суперлигата против тимовите што ќе завршат на 5 и 6 шесто место во Првата лига. Натпреварите во регуларниот дел би се играле по еднокружен бод систем – 14 кола, а потоа екипите од 1-4 место во двете групи ќе играат плеј-оф по истиот систем, односно уште 14 кола. Оние од 5-8 место ќе разигруваат за опстанок во плеј-аут по истиот систем. По добивањето на конечниот пласман во плеј-аутот, екипите од 1-5 место треба да обезбедат опстанок, шестиот тим од Суперлигата да игра бараж со третопласираниот од Прва лига, додека прво и вторпласираниот од Првата лига да имаат директен пласман во елитното друштво.
Мики Виденовиќ
м.в.