МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО НЕДЕЛА МАРЕНА И ВАРДАР НЕГОТИНО ИГРААТ ДОМА А ЛОКОМОТИВА ГОСТУВА ВО БАШИНО СЕЛО

Во рамките на 8 коло од третата МФЛ група југ постигнатите резултати може да се каже дека беа повеке или помалку очекувани. Во регионалната пресметка во Градско екипата на „Тим Локомотива“ убедливо го совлада тимот на „Марена“ со високи 7-0. 4 гола постигна Аделин Ќазимов, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Сунај Мемков,Насаф Шабанов и Бобан Цимишиќ. „Ново Црнилиште“ со убедливи 5-1 го совлада тимот на „Динамо“.„Превалец“ го декласираше тимот на „Младост 1930“ со 6-1. Во дербито „Дојранско Езеро“ беше поуспешно од „Братство“ со 2-0. Во останатите средби : „Младост“ Удово - „Големо Коњари“ 8-5, „Напредок“ Крушеани - „Обршани“ 0-2, „Питу Гули“ - „Илинден БС“ 4-1 а не се одигра средбата „Габер“ - „Вардар“ Неготино.

1 „Дојранско Езеро“ 8 6 0 2 18 - 9 18

2 „Обршани“ 8 5 2 1 18 - 7 17

3 “Превалец“ 8 5 0 3 29 - 12 15

4 „Тим Локомотива“ 7 5 0 2 22 - 5 15

5 „Напредок“ 7 5 0 2 17 - 5 15

6 „Ново Црнилиште“ 7 5 0 2 21 - 14 15

7 „Братство“ 8 4 2 2 22 - 12 14

8 „Вардар“ (Н) 7 3 1 3 14 - 10 10

9 „Младост“ (У) 7 3 1 3 18 - 21 10

10 „Младост 1930“ 8 3 1 4 14 - 24 10

11 „Динамо“ 8 3 0 5 14 - 25 9

12 „Питу Гули“ 7 2 0 5 9 - 16 6

13 „Марена“ 7 2 0 5 14 - 26 6

14 „Илинден“ (БС) 7 1 1 5 7 - 26 4

15 „Големо Коњари“ 8 0 0 8 9 - 34 0

16 „Габер“

Во рамките на 9 коло кое на програмата е во недела со почеток од 13.30 екипата на „Тим Локомотива“ ке гостува во Башино Село кај екипата на „Илинден“. „Марена“ на домашен терен го пречекува тимот на „Ново Црнилиште“. Во Неготино „Вардар“ ке игра со „Питу Гули“, „Големо Коњари“ го пречекува фаворитот „Напредок“, „Братство“ ке игра со „Младост“ Удово, „Динамо“ дома игра со „Превалец“ а екипата на „Младост 1930“ го пречекува лидерот „Дојранско Езеро“. Слободна е екипата на „Обршани“.

м.в.

127784167_3890692774314629_1148177258085703713_n