Четвртфиналните групи на програмата се на 12 и 13 март
Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните групи во Купот на Македонија. На Вардар, кој беше слободен во елиминациското коло, му се приклучија уште 15 екипи, меѓу кои и пет прволигаши. Во рамките на групите ќе се играат полуфинални средби, па финале, а победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Македонија. Во групата А полуфиналните двојки се Јуниор КВ – Вардар и Металург – Тиквеш. Доколку Металург не си ги подмири долговите се поставува прашање дали воопшто ке ги игра средбите од купот. Во групата Б двојките се Бутел – Скопје и Струга – Аеродром во групата В се срекаваат Драчево – Охрид и Алкалоид – Еурофарм Пелистер а најинтересно би требало да биде во групата Г каде полуфиналните двојки се Пролет – Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп – Голден Арт Четврфиналните групи ќе се играат на 12 и 13 март, додека Ф4 ќе биде на програмата на 14 и 15 мај. Трофејот од минатата сезона го брани тимот на Вардар, кој во финалето беше подобар од Еурофарм Пелистер.
М.В.