МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДЕРБИТО ВО СКОПЈЕ КЕ ГО ОДИГРААТ ЕКИПИТЕ НА КЛ 7 И ГРК ТИКВЕШ

Утре се играат средбите од 12 коло во ракометниот плеј аут.

Големото дерби на ова коло се игра во Скопје каде составот на КЛ 7 го пречекува лидерот ГРК Тиквеш.КЛ 7 заостанува 4 бода зад лидерот и ако сака да остане во трката за места кои значат опстанок во ракометната елита мора да победат. Доколку кавадарчани слават на овој натпревар на две кола до крајот и дефинитивно со една нога ке обезбедат опстанок во суперлигата.

Прилеп најверојатно нема да има проблеми со отпишаниот Астраион. Радовиш ке игра со незгодниот тим на Јуниор КВ а Работнички ке се обиде да освои бодови за самиот врв на табелата во дуелот со Младост.

М.В.