МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОДЛОЖЕНИ РЕЧИСИ СИТЕ СРЕДБИ ОД КОШАРКАРСКАТА ПРВА ЛИГАВО КАВАДАРЦИ ВО НЕДЕЛА ТРОКАЛ ИГРА СО СТРУГА А ПОТОА ВТОРОЛИГАШОТ ПРОБАСКЕТ КЕ ИГРА СО КУМАНОВО 2

Последните информации од македонската куќа на кошарката велат дека се одложени речиси сите средби од 6 коло од машката прва лига кое требаше да се игра викендов. Кај некои екипи има појава на заболени од корона вирус, некои екипи побарале одлагање поради нивните репрезентативци кои беа позитивни и уште не се излечени па така ке се игра само средбата „Вардар“ - „ТФТ“.Тоа значи деказа останатите продолжува мирувањето и чекањето. Иако во доста сложени услови на функционирање кои ги предизвикува присуството на корона вирусот викендов ќе се одиграат неколку натпревари од 4. коло во првата женска кошаркарска лига. Во фокусот на вниманието треба да биде дуелот кој се игра во сабота од 13 ч. во Крива Паланка, а каде гостува еден од најдобрите тимови во последните неколку сезони екипата „Вардар“. Во групата исток во недела екипата на „Пробаскет гостува на „Баскет КАМ“, а во западната група исто во недела од 12 ч во Кавадарци екипата на „Трокал“ ке ја пречека „Струга.Веднаш по девојките во Кавадарци ке се одигра уште еден кошаркарски натпревар но од втората машка кошаркарска лига во кој еркипата на „Пробаскет“ ке го пречека вториот тим на „Куманово“.

м.в.