Кожувчанка ДОО денес донираше апарат за чистење на Нефролошкиот оддел приУниверзитетската клиника за детски болести.Дека Кожувчанка ДОО е една од лидерите кога станува збор за општествено одговорнакомпанија, потврдува и новата донација која компанијата ја прави во одделот за Нефрологија при Универзитетската клиника за детски болести.Кожувчанка ДОО во вредност од 218.300 денара донираше машина за дневно чистење и сушење на подна површина.
,, Благодарност до Кожувчанка за донацијата на Клиниката за Нефрологија која доаѓа во услови кога здравствениот систем се соочува со најголемата опасност во современиот свет.Дадената донација ќе помогне да се подигне нивото во заштитата од инфекции во делот каде се третираат најтешките пациенти со бубрежни заболувања`` изјави директорката на Клиниката за Нефрологија, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ.