МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советниците меѓу другото ке го разгледаат и последниот квартален извештај за извршување на буџетот за 2021

Советот на Општина Градско утре, петок со почеток од 13 часот ке ја одржи 5-та редовна седница. Пред советниците за оваа седница ке се најде дневен ред со 9 матреијали за различна содржина. Прво советниците ке треба да го усвојат Записникот од 4-та седница на Советот на Општина Градско а потоа да го разгледаат и кварталниот финансиски извештај за извршување на буџетот на општина Градско за период од 01 до 31 декември 2021 година - четврти квартал.

На дневниот ред е предлог - годишниот извештај за реализација на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Градско за 2021 година а ќе се расправа и за одлуката за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Потоа советниците ке го разгледаат и правилникот за начинот на остварување на правото на користење на средствата, начинот и висината на одредување на еднократна парична помош и помош во натура и потребната документација за остварување на ова право за да веднаш потоа ја разгледаат и предлог одлуката за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Седма точка на дневниот ред е предлог одлуката за давање подарок по повод празникот Богојавление Водици 2022 година.

м.в.

gradsko