Рекорден број на новинари и медиумски работници беа присутни на годишното Изборно собрание на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на кое се гласаше за нов Претседател на Здружението и за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при ЗНМ.Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од кои регистрирани со право на глас беа 487 новинари.Резултатите се следни:За Претседател на ЗНМ е избран Младен Чадиковски со 275 гласови, Марјан Николовски освои 119 и Фиљана Кока 53 гласови, а неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа.
За членови на Управен одбор се избрани: Анета Блажевска Аслан Вишко Сенат Зулбеари Трајче Илиевски Мишко Иванов Маја Јовановска Петар Клинчарски Искра Опетчевска Среќко Поповски Ристо Тасев За членови на Надзорен одбор се избрани: Мефаил Исмаили Роберт Коцев Сеад Ризвановиќ Горан Симоновски Миомир Серафиновиќ За членови на Совет на честа се избрани: Саше Димовски Огнен Јаневски Мира Костиќ Емилија Мисирлиевски Игор Стефановски Годишното редовно Изборно собрание беше најпосетениот новинарски настан во Македонија каде што на демократски и фер начин, новинарите и медиумските работници го искажаа своето мислење за иднината на новинарството во која ќе продолжат да се имплементираат и понатаму принципите на професионалното новинарство.„ се наведува во соопштението од ЗНМ. РТК.МК (Регонална тв куќа) не присуствуваше на гласањето бидејќи поканата за гласањето беше доставна истиот ден (во 8 часот) кога и се одржало Собранието,(10час)... бидејќи претставникот на ртк.,мк не можел истиот ден да реши и да замине на Собрание за гласање.