МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советниците донесоа одлуката за формирање локален совет за превенција како и за стратегијата за родова еднаквост

Советот на општина Градско денес ја одржа редовната шеста седница. Советниците прво го усвоија записникот од 5-та седница а потоа и одлуката за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Градско за 2022 година. Едногласно помина завршната сметка на општина Градско за 2021 година како и програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Градско за 2022 година. Усвоен беше и годишниот план за енергетската ефикасност, потоа одлуката за формирање на Локален совет за превенција и одлуката за усвојување на стратегија за родова еднаквост на Општина Градско за период 2022- 2026 година. Поминаа и одлуките за сопствено учество во подобрување на водоснабдувањето со питка вода и одлуката за техничка документација за доградба на канализациона мрежа во Виничани. На дневен ред беше разгледување на барања и поднесоци . Советниците и тука имаа конструктивни дискусии.

м.в.