Селото Бистица се наоѓа во Централниот дел на Македонија во близина на Богомила на надморска височина од 650 метри.Во селото постои манастир кој се наоѓа на 2 км од селото на височина од 860 м н.в.во подножјето на убавата планина Јакупица.
Мите Миленковски кој е полицаец во Кавадарци долго време.Тој се заложи да побара помош од Кожувчанка ДОО Кавадарци која и ја доби, Сега во пресрет на Свети Петар и Павле големи верски празници идната недела,ќе се работи на патот па така до 12 јули, кога е празникот истиот се очекува да се рекосруира и поправи.Во тоа помошта од сите е добредојдена.Јанчев го најаво своето присуство во очи на славата на селото.
Инаку на 8 мај годинава свештениците со Владиката Г.Агатангел во присуствио на некогашните жители и селаните од село Бистрица Велешко ја осветија црквата во селото која го носи името на Светите Петар и Павле. На чинот на осветувањето , присуствуваа жители на ова село како и голем број на граѓани кои се родени во Бистрица а сега живеат во Велес,Кавадарци или во други градови во Македонија.
Црквата е изградена на иницијатива на жителите на селото.Тие беа домаќини на осветувањето. Нивните очекување се обновениот духовен храм да биде што почесто посетуван како од жители на општините Чашка и Велес така и од туристи, домашни и од странство.
Малку е познато дека донатор во изградбата е и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, а еден од иницијаторите и организатор за изградба на црвата и другите работи во селото е полицаецот Мите Милековски кој сега живее и работи во Кавадарци.
Инаку црквата е изградена на локација која што е опкружена со недопрена и живописна природа.
Сега иницијативата е насочена кон реконструкција и изградбна на патот до црквата , кој е планирано да започне да се гради од утре 9 јули, до самиот мнанастир „Св Петар и Павле„ која веруваме дека ќе успее.Таму каде човекот ќе реши да гради и господ помага.