МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Крушево, посетителите од Македонија и од Балканот денеска достоинствено, со сеќавања и песни го одблежаа 37-от роденден на македонската и балканската музичка ѕвезда Тоше Проески, кој пред 11 години трагично загина. Тоше го обедини Балканот, велат фановите. Се снимаат три спота за неговите песни, ќе има концерт, а на пролет треба интензивно да почнат работите за изградба на достоинствен вечен дом на Тоше на Гумење...

Со песни, сеќавања, почит на неговиот вечен дом и со многу љубов. Вака посетителите денеска го прославија 37-от роденден на Тоше Проески во Крушево. Тошевите фанови,пак, пристигнаа од целиот Балкан.

„Тоше е чиста љубов. Доаѓам од Пула, Хрватска неколку пати годишно... Овде е цел Балкан, Тоше не поврза. И само поради љубовта. Нема националност, верска припадност, туку само Тоше“- велат дел од фановите.

Пригодна програма во Спомен куќата на Тоше Проески приредија крушевските средношколци, локалниот бенд „Кици и Пеце“, сопранот Билјана Јосифов. Готов е постхумниот албум на Тоше „Сикрет плејс“ со 10 песни за неговите фанови. Се снимаат и три спота, наскоро ќе има и концерт.

Спомен куќата на Гумење досега ја посетиле преку 600.000 гости од земјава и странство, а во неа се над 350 експонати.

Крушево ќе ги подготвува урбанистичките планови за достојна изградба на вечниот дом на Тоше Проески на Гумење. Од Владата се одвоени околу 160.000 евра.

Поинтензивно, работите треба да се одвиваат на пролет. Во Спомен куќата се одржа и традиционалната крводарителска акција.

Елизабета Митреска

извор; М Р Т