На 28.02.1915 година е роден Диме Поцев, учесник во НОВ
Тој е и носител на Партизанска споменица од 1941 година. Во младите години се занимава со спорт и е еден од најдобрите гимнастичари на Соколското друштво во Кавадарци. Во 1934 г. на првенството во лесна атлетика и гимнастика во Скопје го освоил првото место. Во 1941 година е еден од организаторите на штрајкот на монополските работници. Во мај 1943 година е меѓу првите борци на тиквешкиот партизански одред “Добри Даскалов“.