На 20.февруари 1790 година е роден македонскиот учител, просветител и преродбеник Даскал Камче Наков Колев Попангелов.
Роден е во с. Корешница, меѓутоа во 1800 година неговиот татко со семејството се преселил во Ваташа. Се образувал самоуко, бидејќи имал голем афинитет кон пишаниот збор и образованието. Во 1830 го отворил првото световно училиште во Тиквешијата во селото Ваташа. Додека престојувал на Св Гора го напишал “Краток опис на дваесетте Светогорски манастири“. Со подршка на богатиот кавадаречки трговец Јовко Марков во 1838 година ја отворил првата печатница во Македонија. Се претпоставува дека во ваташката печатница на Даскал Камче била отпечатена “Таблица перваја“ на Јордан Хаџи Константинов Џинот, како и книгата “Служение еврејско“. Даскал Камче починал во 1855 година.
Музег Галерија
Петре Камчевски