МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во 1944 година во борба со германскиот окупатор загина Дешка Ташева.

Родена е во с.Бегниште во 1925 г. Потекнува од земјоделско семејство. Во НОВ се вклучила во 1942 година, а во редовите на НО војска во април 1944 г. Како добар борец била поставена за политички комесар на чета. Загинала на 1 септември 1944 г. кај селото Садик-Овчеполско во борба со Германците. По убиството нејзиното безживотно тело Германците го масакрираат.