На 14 јануари 1906 година во Кавадарци е роден Васил Хаџи Манов
Тој е фармацевт (магистер по фармација), етномузиколог, фолклорист и мелограф. Васил е еден од идејните водачи на културото живеење на Кавадарци во периодот помеѓу двете светски војни. Завршил фармација и работи како аптекарски помошник во аптеката на Бошко Марковиќ. Учесник во НОВ во партизанскиот одред “Јана Сандански“. Со својата Тиквешка фолклорна група на Сојузниот натпревар во Белград го освоил првото место во 1938 г. По војната работи како музички уредник во Радио Скопје. Еден од најголемите собирачи на македонски народни песни и за време на својот живот собрал повеќе од 6.000 изворни народни песни, 500 тажалки и 700 албански народни песни. Хаџиманов умрел во Скопје на 16 декември 1969 година.