-1884 година роден е Тиквешкиот војвода Мишо Шкартов
-Пред 57 години на овој ден излезе „Збор„
На денешен ден 1.02.1884 г. во Кавадарци е роден тиквешкиот војвода и револуционер Мишо Шкартов. Бил борец во четите на војводите Добри Даскалов и Пешо Самарџиев, а во 1905 година бил борец и секретар во четата на војводата Јане Сандански. Еден е од иницијаторите на новата НФП, која се залагала и за формирање на независна македонска држава во рамките на Отоманската империја. Активно учествува во Тиквешкото востание од 1913 г. како војвода на револуционерна чета и член на ГШ на востанието. Во 1920 година е избран за раководител на Солунскиот револуционерен округ. Во 1925 година е член на ВМРО(об.) и еден од нејзините најактивни членови. На Цариградската конференција станал и член на Централниот комитет. Умира во 1936 година
На денешен ден 1960 г. во Кавадарци излезе првиот број на средношколскиот весник “Збор“, лист на кавадаречките средношколци. Издавач на весникот се литературните дружини на Лозаро-Шумарското и Економското училиште во Кавадарци. Главен и одговорен уредник е Васил Мукаетов, одговорен уредник Мишо Кирановски, а технички уредник Петар Петрушевиќ.
подготви :Петре Камчевски
Музеј Галерија-Кавадарци