МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

5 септември 1931 година во Кавадарци е роден Вуко Каров, еден од најдобрите фудбалери во историјата на кавадаречкиот фудбал .

Вуко е познат и како значајно општествено-политички работник во Кавадарци. Работел во неколку претпријатија во градот како “Тиквеш транс“, “ДИК Страшо Пинџур“, “Тиквешко поле“. Од 1963 до 1969 година ја врши функцијата потпретседател на Собранието на општина Кавадарци, а во 1964 година е претседател на Собранието на општината. Сепак неговото име е поврзано и е синоним на фудбалската игра. За него добрите познавачи на фудбалот зборуваа дека бил џенталмен со копачки и волшебник со топка. Покрај што игра за „Тиквеш“ Вуко игра за скопски “Вардар“ и долго се зборува за неговата игра против “Хајдук“ од Сплит кога од 40-сетина метри му дал гол на Владимир Беара. Вуко има настапувано и за младинската репрезентација на Македовија во Франција во 1952 година. Својата фудбалска кариера сепак за заврши во неговиот матичен клуб “Тиквеш“ во 1963 година