МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 23.февруари 2005 г. во Скопје почина Ристо Џунов Бацко.

Тој е роден во Ваташа во 1919 г. Во НОВ е вклучен од 1941 година, бил еден од првите борци на одредот “Добри Даскалов“, во кој ја врши функцијата зам. политички комесар на чета. Ја раководи партиската техника и активно учествува во печатење ма летоци и повеќе илегални весници. Во 1944 г. е секретар на Околискиот народен одбор во Кавадарци. По ослободувањето е републички и сојузен пратеник, секретар на Владата на НРМ, секретар на Президиумот на Собранието на НРМ, потпретседател на Извршниот совет на НРМ, амбасадор на СФРЈ во Кралството Шведска (1971-1978). Носител е на Партизанска споменица 1941 г.