Тој бил претседател на Градскиот Народен Одбор (градоначалник) на Кавадарци ,директор на „Тиквеш„ и пратеник
16.02.1923 година во Кавадарци е роден Тодор Ристов Грозданов, претседател на Градскиот народен одбор на Кавадарци (денес градоначалник). Завршил основно и нижа гимназија во Кавадарци а Виша фискултурна школа во Загреб.Учесник е во НОВ а по војната работи во ЦК на СКМ во Скопје. Во 1950 година е директор на АК Тиквеш. Од 1951 до 1952 година Грозданов е претседател на Собранието на општина Кавадарци, а од 1955 до 1956 е секретар на Собранието. Во еден мандат бил избран за пратеник во Општествено политичкиот собор во Народната скупштина на Југославија во Белград. Тодор Грозданов почина во Кавадарци во 1991 година.