МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 7.06.1943 година (пред 75 години) отпочна Јунската офанзива на бугарскиот окупатор во Тиквешијата.

Во офанзивата беа вклучени 12.000 бугарски војници, полицајци и контрачетници, а целта беше да се уништат партизанските одреди “Добри Даскалов“ и “Сава Михајлов“. На денешен ден во борба со бугарските војници кај село Никодин загина зам. командирот на првата чета на одредот “Добри Даскалов“ Блажо Тодоровски-Чичето. За народен херој е прогласен на 11.10.1953 година.

Во таа јунска офанзива на бугарските фашисти, биле ликвидирани голем број на кавдаречки и ваташките херои, офанзива која кулуминира со ѕверско мачење, стрелање и масакрирање на полумртвите тела на 12-те Ваташки Деца, во чест на 6- от роденден на "царчето" Симеон Саксобурготски...

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)