МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Старите фотографии говорат за минатото на овој град

На фотосот е новоизградената зграда на Собранието на Општина Кавадарци започната со градба во 1952 г., а завршена во 1954 година.Ја викале “лепотица“, бидејќи била една од најубавите во Р. Македонија. Фотографијата е од 1955 г. пред изградбата на Споменикот на револуцијата и слободата.

16730273_213696965764946_555576482628327872_n_1.jpg

На ова фотографија која датира од 1955 година,е прикажана изградбата на зградата до Домот на култура, која е меѓу првите новоизградени објекти, подигната во 1952 година. Од десната страна се занаетчиските дуќани на Ферчо саатчијата, фурната на “Морејка“, кафаната “Зелен пазар“, дуќанот на Петрезановци, содаџиите Поп Ангелови, Боцевци итн.