Роден е Лазо Каровски- писател од Кавадарци
На денешен ден 1927 година во Кавадарци е роден Д-р Лазо Каровски. Своето образование го заврши во Скопје и докторираше на тема „Македонски печалбарски песни“. Тој е еден од најпознатите македонски фолклористи, а истовремено е и познат автор и поет. Почина на 3 февруари 2000 година во Скопје.
Автор е на делата: „Овчарче“ (поезија за деца, 1946); „Крвава блокада“ (поезија, 1947); „Тиквешка легенда“ (поезија, 1948); „Родината в песни“ (поезија, 1951); „Песната на славејот“ (поезија за деца, 1955); „Момина чука“ (поезија, 1955); „Патишта“ (роман, 1961); „Родина“ (поезија, 1964); „Ставини“ (поезија, 1967); „Поезија“ (1969); „Климент Охридски“ (романизирана биографија, 1969); „Наум Охридски“ (романизирана биографија, 1971); „Митко шета со ракета“ (поезија за деца, 1972); „Заорок“ (роман, 1972); „Раскин“ (роман, 1977); „Нека летаат гулабите“ (роман за деца, 1986); „На половина пат“ (роман, 1991). Дела од областа на фолкористиката му се: „Печалбарството во македонската народна литература“ (1974); „Саможртвата во македонската народна поезија“ (1976); „Македонската народна песна за народноослободителната борба“ (1978); „Класификација на македонската народна песна“ (1981); „Нацонално-синтаксичкиот слој на поетскиот јазик на македонската народна поезија“ (1986) и др.
Роден е Тошо Велков Пепето- револуционер
На денешен ден 1012 година во Кавадарци е роден револуционерот Тодор Велков-Пепето. Се образувал во Кавадарци, Белград и Загреб каде завршува Ветеринарски факултет. Еден е од иницијаторите за формирање на културно-просветното друштво “Вардар“. Во 1936 г. со Ристо Бајалски прават обид за обнова на КП во Кавадарци. Уапсен е во 1937 год. и одлежува неколку месеци во затвор. По дипломирањето се вработува во Куманово, каде бил претседател на НОО за Куманово во 1944 г. се вклучува во кумановскиот партизански одред. На 24 мај 1944 г. во една борба со окупаторот е тешко ранет и како резултат на тешките рани на 28 мај 1944 година починал.