Почина Иван Мазов Климе-писател, новинар и театарски критичар

Во Рогошка Слатина, во Словенија, несреќно го загуби животот Иван (Диме) Мазов - Климе, македонски писател, револуционер, борец во НОВ на Македонија, театарски критичар и новинар. Познати се неговите прозни дела „Додека топовите пукаат“ и „По трагите на Евлија Челебија“. Роден е во Кавадарци, на 7 јануари 1923 година.

Името на овој наш заслужен сограѓанин со гордост го носи најголемата институција од областа на културата Домот на Културата која спаѓа во најактивните во Општината кога се работи за одржување и реализирање наразни активности од областа на културата.