1920 роден е Пано Мударов-Фрањоп-првоборец
На денешен ден 9 февруари 1920 година во Кавадарци е роден Пано Мударов-Фрањо, учесник во НОВ и првоборец. Потекнува од занаетчиско семејство и самиот работи на занаетот како коларски работник. Член е на СКОЈ од 1941 година, а член на КПЈ од 1943 год. Во народноослободителната војна е од 14 мај 1943 година како командир на десетина во тиквешкиот одред “Добри Даскалов“. Загина во заседа што ја организира бугарската војска во рамките на Јунската офанзива на 10 јуни 1943 година кај месноста “Клинска Леса“, заедно со Димката Ангелов Габерот, Ило Виларов Сокол и Стојан Крстев од с.Галиште.