МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска се навршуваат 135 години од раѓањето на Мишо Шкартов (1884) год. во Кавадарци

Тој е Тиквешки војвода и револуционер од времето на илинденскиот и поилинденскиот период. Се борел во четите на војводите Добри Даскалов и Пешо Самарџиев, а во 1905 година бил борец и секретар во четата на војводата Јане Сандански. Еден е од иницијаторите за новата Народна Федеративна Партија (НФП), во Кавадарци во 1909 година која се залагала и за формирање на независна Македонска држава, во рамките на Отоманската Империја. Во 1913 година, активно учествува во Тиквешкото востание, како војвода на револуционерната чета и член на Главниот штаб на востанието. Во 1920 година е избран за раководител на Солунскиот револуционерен округ. Во 1925 година е член на ВМРО(Обединета), и е еден од нејзините најактивни членови. На Централната конференција, станал и член на Централниот комитет.

Почина во Софија на 52 години на 25 јуни 1936 година.

Извор Музеј Галерија-Кавадарци