Во Кавадарци е роден Славчо Темков, еден од основоположниците на културното живеење во Кавадарци во периодот помеѓу двете светски војни.
По негова иницијатива се формирани и првите фудбалски клубови “Братство“ во 1928 и “Победа“ во 1929 година. Во периодот од 1929 па до почетокот на Втората светска војна Темков работи како режисер, сценограф и костимограф во аматескиот театар во Кавадарци. Во овој период се прикажани претставите: Цар Киро, Лоша Жена, Кољо и Невенка, Слугата Јернеј и неговото право и др.Учествува во НОВ како борец на Првата македонска дивизија. По војната раководи со театарот во Кавадарци. Славчо Темков е татко на познатата сликарка Ана Темкова.