МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Летниот период е иделен за археолошки ископувања и за посети на локалитети.

Археолошките ископувања во општина Неготино продолжуваат на локалитетот “Мали Дол“ сeло Тремник каде што Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со НУ Археолошки Музеј на Македонија ги реализира истражувањата на локалитетот “Мали Дол“ и тоа со стручна екипа во состав: д-р Александра Папазовска, виш кустос за железно време од НУ Археолошки Музеј на Македонија, воедно и стручен раководител на истражувањата, д-р Фаница Велјановска, антрополог, кустос-советник во НУ Археолошки Музеј на Македонија, Александра Чевревска, археолог-кустос во НУ Археолошки Музеј на Македонија и Костадинка Филипова, археолог-кустос во ОУ Музеј на град Неготино.Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект Археолошки истражувања на Мали Дол, с.Тремник, во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес како резултат на соработката помеѓу Археолошки Музеј на Македонија и ОУ Музеј на град Неготино. Во рамки на овие археолошки ископувања имаме откриено вкупно 77 погребувања, пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи). Првата (постарата) е составена од погребувања кои датираат од доцното бронзено време (крајот на XII век п.н.е.) и преодниот период од бронза во железно време (XI – X век п.н.е.), а втората е претставена со погребувања од средниот век (XI – XIII век н.е.).Сите погребувања од некрополата Мали Дол, вклучувајќи ги и средновековните, укажуваат на нејзино долготрајно користење и континуитет во развојот. Генерално кога ќе се соберат сите релевантни факти како гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, можеме да реконструираме слика на постоење на една зедница од крајот на бронзеното време, кој со сите специфики припаѓаат на Уланечката културна група.....Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино, финансирана од страна на Министерството за култура на Република Македонија според програмата за проекти од национално значење, која се најавува за септември 2018 година во Изложбениот салон на Општинската Установа Музеј на град Неготино.

37356991_10211582339409946_6074662109780639744_n.jpg

37277255_10211582347970160_7855102714567458816_n.jpg

37254354_10211582350810231_7898004893779099648_n.jpg

37234986_10211582350130214_8341960046665531392_n.jpg

37231687_10211582356810381_6271643620806230016_n.jpg

37227007_10211582341449997_4701181102377664512_n.jpg