ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ ОКОЛУ 300О ЖИТЕЛИ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО
Oд 12 јули се започна со теренска вакцинација против КОВИД 19 за граѓаните од општина Неготино. Согласно изготвениот план од Министерството за здравство, од страна на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Неготино досега се изврши вакцинација на граѓаните во населените места Криволак, Пепелиште, Црвени Брегови, Курија, Војшанци и Дуброво. Според истиот план вакцинирањето продолжува во Тремник на 21 јули (среда) а потоа во Тимјаник на 26 јули (понеделник) и за крај во Вешје и Долни Дисан на 27 јули (вторник). Според информациите од раководните структури досега се вакцинирани околу 3000 жители од општина Неготино. Некои веке ја примиле и втората доза од вакцината а екипи од „Здравствен 1дом“ Неготино помагаа и на територијата на Демир Капија каде на пример беа вакцинирани и околу 180 штитеници од специјалниот завод во Демир Капија.
М.В.