На задоволство на месното население, а посебно на најмладите, деновиве во функција е ставен новиот детски забавен парк во Пепелиште кој е изграден со средства од Буџетот на општина Неготино и со несебична поддршка во работна рака од локалните жители.
Притоа, поставени се бетонски рабници околу целиот парк, реконструирана е водоводната и нанализационата мрежа под објектот, нанесена е комплетно нова земјена подлога соодветна за вакви објекти и поставен е песочник под реквизитите за поголема безбедност на присутните, изработени се патеки од бекатон коцки и фигури од камења, посадена е трева, цвеќе и 15 дрвца. Исто така, поставена е и урбана опрема и тоа 4 клупи за седење и 3 канти за отпадоци, 4 нови детски реквизити кои претставуваат магнет за најмладите жители на Пепелиште, или накратко новиот детски забавен парк во Пепелиште ги содржи сите потребни елементи. Со неговото ставање во функција, локалните жители од сите возрасти на располагање добија пријатно катче за одмор и релаксација каде што поминуваат дел ос лободното време, новиот детски забавен парк е масовно посетуван, а за користење на реквизитите буквално се чека на ред. Средствата за реализацијата на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а како што спомнавме во неговото подигнување учество зедоа и локалните жители.
извор www.negotino.gov.mk