ИСТИТЕ ИМ БЕА ПОДЕЛЕНИ НА ДЕЦА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ОД ДВЕТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО НЕГОТИНО
Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје уште еднаш на дело покажа дека станува збор за општествено одговорна компанија која воопшто не размислува кога треба да ја покаже хуманоста.Овој пат тие донираа таблети за учениците од двете основни училишта од Неготино. Станува збор за дваесет и осум таблет компјутери кои компанијата „ Макпетрол “ АД Скопје ги донираше и истите во текот на вчерашниот ден беа доделени на ученици од социјално ранливата категорија на граѓани од училиштата „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“.
Локалната самоуправа Неготино упатува огромна благодарност до компанијата „ Макпетрол “ АД Скопје за донацијата и очекува, а воедно се надева дека таблетите ќе им овозможат полесно учење од далечина на учениците кои досега немаа можност да се вклучат во овој вид на настава и непречено ќе ја следат истата.
м.в.