МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Доделени 8-ноемвриските награди признанија.Обраќање на градоначалникот Тони Делков

Со прием на делегации од земјава и странство во кабинетот на градоначалникот на Oпштина Неготино Тони Делков започнаа вчерашните активности за одбележување на празникот 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Претставници на повеќе делегации со положување на свежо цвеќе на спомен-бистите им оддадоа почит на паднатите борци кои своите животи ги загубиле во НОБ. Во организација на Здружението на граѓани „Спо-кул“ се изведоа активности од проектот „Sид на пријателство-урбано Неготино“ кој се реализираше на градскиот кеј во близина на СРЦ„Младост“, а во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа ликовна изложба на Атанас Јанев.

На централниот настан-свечената седница на Советот на Oпштина Неготино пригодно празнично обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, присутните имаа можност да проследат аудио-видео материјал со реализирани проекти и активности на локалната самоуправа во изминатата година помеѓу двата празника, се доделија признанијата и наградата „8-ми Ноември“ која годинава ја доби д-р Сретен Давидов од областа на научно истражувачката дејност. Признанија им беа доделени на Илија Ѓорѓиев (постхумно), д-р Диме Трајковски, Велика Димова, Димитар Ѓорѓиев и Павлинка Вељановска. Свечената сединицата заврши со музичка програма и заедничко другарување на скромен коктел.

www.negotino.gov.mk

21.jpg

23.jpg

2.jpg

10.jpg