МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРИВРШУВА ПРОЕКТОТ ЗА ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И ВОДИТЕ

Во Неготино денеска и утре се одржуваат два информативни дена наменети за граѓаните од оваа општина на тема „Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на водоснабдување“. Денешниот ден беше отворен од страна на секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ. Одговорното лице за проектот Дени Трајков даде пресек на проектните активности а понатаму, експертот за биодиверзитет и води Ѓоко Зороски даде осврт на заштитата на биодиверзитетот и човековото влијание врз водоснабдувањето со акцент на одржливиот развој и заштеда на водата. Утре ке се даде преглед на расположивите водни ресурси во државата, еднаквиот пристап до вода за пиење и преглед на состојбата на системот за водоснабдување во Неготино. Информативните денови се одржуваат во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ (wa-mbrella), проектот кој е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програмаза прекугранична соработка помеѓу општините Алмопија од Грција и општина Неготино.Водечки партнер на проектот e општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е Партнер 2, Партнер 3 е Општинското Претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4 е ЈП ,,Комуналец“, Неготино.

м.в.

121031504_3218895214889811_9117779370710272809_n