ВОЗИЛОТО ВРЕДНО 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ГО ОБЕЗБЕДИ ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ПРЕКУ ПРОЕКТ НА БИРОТО ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој полека но сигурно го реализира проектот „Одржување на чиста и здрава животна средина“ преку набавка на специјализирани возила за потребите на Јавните комунални претпријатија. Проектот се реализира во 4 општини, меѓу кои и општина Неготино. Имено општина Неготино склучи договор со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион кој пак аплицираше за овој проект до Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој конкретно за набавка на специјализирано возило за смет. Јавната набавка на оваа возило ја спроведе Центарот за развој на Варадрскиот плански регион и истиот како носител и општина Неготино како партнер во проектот ги завршија сите активности за имплементација на истиот. За општина Неготино со овој проект се набави специјализирано комунално возило за собирање на смет со капацитет од 8м3 со вредност од околу 5.000.000 денари, наменето за потребите на ЈП „Комуналец“ со единствена цел одржување на чиста и здрава животна средина.
м.в.