ОПШТИНА НЕГОТИНО И ПАРТНЕРСКАТА ОПШТИНА ПЕЛА ОД ГРЦИЈА РЕАЛИЗИРАА УШТЕ ЕДЕН ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ
Утре, среда 31 март на две локации во општина Неготино, а во рамките на проектот „ENPOL-EE“ од програмата за прекугранична соработка Р.Грција-Р.Северна Македонија, ке се организира финален настан со кој ќе биде одбележано успешното завршување на проектот. Настанот е од отворен карактер и од 12 часот првата активност ќе се одржи во паркот на УЕ3 урбан блок 12 со обраќање на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претстаник на Инвест доел, по што би требало да следи презентација на реализираните активности и резултати од проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политиката за животна средина“. Со втората и третата сесија од настанот се предвидува уредување на паркот на УЕЗ Урбан блок 12 со засадување на 100 садници, а исто толку садници ќе бидат засадени и на детското игралиште на ул„Марксова“-УЕ4 Урбан блок 14. Сите заинтересирани кои сакаат на овој начин можат да се запознаат со резултатите од проектот кој се реализираше во партнерска соработка на општините Неготино и општина Пела од Грција како и СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од Неготино и општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела-Грција.
М.В.