МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Оваа изложба започнува да се презентира пред пошироката јавност од 2011 година почнувајќи од Дубровник, Пула на Истра, Славонски Брод, Ријека, Сплит, Битола и сега во Неготино. Отварање на Изложбата се одржа во ОУ Музеј на град Неготино. Автор на изложбата е Ѓиво Башиќ, кустос советник од Поморски Музеј од Дубровачките Музеи од Дубровник, Р.Хрватска, раководител на проектот Наде Геневска Брачиќ. Изложбата свечено ја отвори претстедателот на Совет на општина Неготино, Диме Витанов. Станува збор за една прекрасна и несекојдневна изложба на негативи поставени на лед дисплеј екрани, кои што се чисти, јасни и детални претставувајќи ги паробродовите од Југословенската флота, “Кралица Марија“ и “Принцеса Олга“, нивните далечни кружни патувања по Средоземното Море, внатрешноста на бродовите, пристаништата и градовите од патувањата на овие бродови, направени од бродските фотографи кои патувале заедно со патниците. Фотографиите се од 30-ттите години од минатиот век.