ФИНИШИРА ИЗГРАДБАТА НА ПАТОТ ГОРНИ ДИСАН - ВЕШЈЕ.ПАТОТ ВО ДОЛЖИНА ОД 787 МЕТРИ И КОЛОВОЗ ОД 5,5 МЕТРИ Е ПРОЕКТ ВРЕДЕН 22,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Општина Неготино влегува во завршна фаза од изградбата на патот Горни Дисан - Вешје. Станува збор за патен правец во должина од 787 метри и ширина на коловозот од 5,5 метри а средствата за овој проект во висина од 22.421.888 денари, се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието. Фирма изведувач на овој проект е Градба Промет ДОО - Кавадарци. Надзорот на работата го врши фирмата МГ Проект дооел согласно годишниот договор за вршење надзор при изведба на инвестициони објекти и други градежни активности. Во наредниот период ке следува асфалтирање на дел од улица во населено место Војшанци, а за краток временски период ке се отпочне и со изградба и реконструкција на улици во Тимјаник.