ВИСОКИОТ ГОСТИН ЈА ПОСЕТИ НЕГОТИНСКАТА ГИМНАЗИЈА ВО ЧИИ РАМКИ ФУНКЦИОНИРА БИЛИНГВАЛНА ФРАНЦУСКА ПАРАЛЕЛКА
Делегација на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија предводена од неговата Екселенција – амбасадорот Сирил Бомгартнер беше во работна посета на општина Неготино. Високиот гостин најнапред оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков по што го посети СОУ Свети Кирил и Методиј во чии рамки функционира посебна билингвална паралелка на француски јазик која е една од првите во Македонија. Амбасадорот Бомгартнер беше примен од раководните структури на училиштето при што добредојде лично му посака директорката Донка Јованова.Потоа за проектот со билингвалната паралелка и нејзината работа го објасни раководителот на проектот Драган Трпковски професор по француски јазик. За да на крај на присутните им се обрати и самиот амбасадор кој истакна дека за прв пат е во посета на неготинската гимназија која наскоро ке го прослави патрониот празник а и тој самиот се вика Сирил (Кирил). На крај за францускиот амбасадор му беше пуштена и видео презентација посебно направена за потребите на училиштето.
М.В.