Набавено е ново градежно возило скип (комбинирана машина) за потребите на општина Росоман и ЈПКД Росоман - Росоман. Машината е потребна за нормално финкционирање на општина Росоман и ЈПКД Росоман – Росоман, со што би се намалиле трошоците кои општината и комуналното претпријатие ги плакаат за реализација на своите активности во делот на: Чистење на депонијата, чистење на диви депонии, појавување на дефекти на водоводна линија, изградба на нови водоводни и канализациони линии, санација на полски патишта и решавање на други проблеми на граѓаните. Проектот е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион а е финансиран од страна на Бирото за регионален развој во износ од 4.347.232 денари.
извор :Општина Росоман