МЛАДИОТ КАВАДАРЧАНЕЦ ПАНЕ ХАЏИ-ВАСИЛЕВ ОБОИ 9675 МАЛИ КОЦКИ И СОЗДАДЕ ВЕЛИИГДЕНСКО ДЕЛО
Младиот кавадаречки уметник Пане Хаџи-Василев во пресрет на велигденските празници се одлучи да реализира нешто сосема ново за неговото досегашно творештво. Во време на дигитализацијата тој се обиде со дигитална програма која најчесто се користи за математички и финансиски анализи да ја стави истата во функција на уметноста и да ја направи забавна.
Затоа со обоени 9.675 коцки Хаџи-Василев се одлучи да направи слика и успеа во тоа. Инспирацијата за една ваква идеа е едноставна. Хаџи-Василев сакал да направи слика со некоја мала резолуција на која сепак ке бидат истакнати големите и главни елементи кои ги содржи фотографијата и затоа се одлучил да го искористи сето тоа на ова дело. Овие мали коцки за него како уметник и дизајнер претставуваат голем успех. Исто така тој најавува дека ова е само еден мал почеток за него и се надева дека ке продолжи да создава вакви слики, не само во дигитална форма туку и на големи парчиња хартија.Целта му е да собере доволен број на вакви дела за да може да организира и самостојна изложба на истите.
Пане Хаџи-Василев не информираше дека времето го минува и посветува пред се во дизајнирање на нови, сопствени модни креации со неговиот ментор.