Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6953
    [QUERY_STRING] => id=6953
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 16650
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.135.184.27
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732480047.6732
    [REQUEST_TIME] => 1732480047
)
100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

243350168_578558676788862_1756856784487443894_n

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, 2021 година е посветена на великанот на македонската култура.

Во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство ќе се слави името и делото на оваа важна личност за нашата нација.Покрај многубројните културно-образовни содржини, во рамките на јубилејот е предвидено да се издаде златна кована монета со ликот на Блаже Конески и поштенска марка со ликот на великанот на македонската култура.

Во Кавадарци пригодно одбележување се случи во Бибиотеката ФЕТКИН.

Учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“, во соработка со библиотеката „Феткин“ од Кавадарци се вклучија во чествувањето со свој скромен придонес кон овој важен јубилеј.

Беше претставен дел од неговиот огромен опус на трудови, дел кој му беше особено драг и со страствен жар го твореше...

Тоа е поезијата со лирски и епски призвук, во стихови и во проза...

Кралицата на литературата тој ја воздигна на високо божествено ниво, на свој македонски јазик со кој искажа неповторливи и недостигнати дострели во сензитивноста на македонската душа.

Тешкото

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,

штом тапан ќе грмне со подземен екот —

во градиве зошто жал лута ме стиска,

во очиве зошто ми навира река

и зошто ми иде да плачам ко дете,

да превијам раце, да прекријам лик —

та гризам јас усни, стегам срце клето,

да не пушти вик.

.

О тешкото! Старци излегуваат еве,

на чело им мисла, во очи им влага

и првиот чекор по меката трева

е мирен и бавен, со здржана тага.

но, ’рзнува тапан и писок се крева

и молња светнува во секој глед,

и напред се пушта, се стрелка, се слева

стегнатиот ред.

.

До старците момци се фаќаат скокум;

не издржа срце — сив сокол во клетка,

не издржа пламен жив потулен в око,

не издржа младост што сака да летне!

Се залула оро! Се заврте земја,

и чиниш — се корне стресениот век,

и околу трпнат ридиштата темни

и враќаат ек.

.

И божем се врасло кипнатово оро

со исконска сила за земјава наша

и во него шуми на реките зборот,

и во него рика див ветар и страшен

и во него шепнат узреани житја

и вечерен мирис се разлева тих,

и земјата дише во пролетна ситост

со запален здив.

.

И душата, чиниш, на родот мој мачен

во тешково оро се уткала сета —

век по век што трупал се попуст и мрачен

од крвава болка, од робија клета,

век по век што нижел од корава мисла

за радосна челад, за слободен свет,

од песна — за љубов што гине со пискот

ко жерав во лет.

.

О, тешкото! Кога во молк те гледам,

на очиве магла ми напаѓа сура,

и одеднаш — в бескрај се растега редот

и ридја се губат в пустелија штура —

и еве кај иде од маглата матна

сè сенка до сенка, сè еден до друг —

во бескрајно оро син оди по татка,

по деда си — внук.

.

Времињата мрачни се нивното поле,

и нивната свирка — на прангите ѕвекот,

а главите им се наведени доле,

и покроце врват — сè чекор по чекор.

О, времиња, што ве в мрак родот мој минал,

кој збор ќе ми најде за вашата стрв?!

Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат

над пустош и крв?!

.

Кој број ќе ми каже на лутите рани,

на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,

кој на срце болки ќе изреди збрани,

и на очи солзи, и клетви на усти.

О тешкото! Синџир ти беше на робја,

од калеши моми и невести ред,

со врзани раце со плен што ги погнал

насилникот клет.

.

О, тешкото! Синџир ти беше на робја,

дур не стана народ во листена гора,

сè дури со јадот од векови собран

не поведе бујно, бунтовничко оро!

Се залула танец низ крвје и огон,

и повик се зачу и грмеж во чад —

те разнесе сегде бунтовната нога

по родниот кат.

.

О тешкото! Сега по нашите села

во слобода првпат штом оро ќе сретам,

зар чудно е — солза да потече врела,

зар чудно е — жалба јас в срце да сетам?!

Од вековно роропство, мој народе, идеш

но носиш ти в срце дар златен и пој.

Пченицата твоја триж плодна ќе биде,

и животот твој!

Везилка

1.

Везилке, кажи како да се роди

Проста и строга македонска песна

Од ова срце што со себе води

Разговор ноќен во тревога бесна?

— Два конца парај од срцето, драги,

Едниот црн е, а другиот црвен,

Едниот буди морничави таги,

Другиот копнеж и светол и стрвен.

Па со нив вези еднолична низа,

Песна од копнеж и песна од мака,

Ко јас што везам на ленена риза

Ракав за бела невестинска рака.

Судбинско нешто се плело за века

Од двете нишки, два созвучни збора,

Едната буди темница што трека,

Другата буди вкрвавена зора.

2.

Везилке, крени наведена лика,

Погледај в небо во претпладне златно:

Се шари таму и чудесно блика

Твојата везба на синото платно.

За тебе нема ни вечерен запад,

Ти — морно око на трепетна срна.

Две бои таму ти горат и капат,

Две шарки твои — црвена и црна.

Зар не се плашиш од јаркоста нивна,

И најмил спомен дека ќе ти згасат?

Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,

Дните ти минат, прокоби се гласат.

— И најмил спомен што в душа ми блесна

Се гаси од нив ко цвеќе без боја.

Но ти што ловиш звук на чудна песна,

Ти си ја кажа судбината своја.

Конески: Кажувања

..... Денеска е први јануари, длабока зима. А ру-

жата месечарка под мојот прозорец по некое

чудо пак расцутила. Покрај две-три пупки, еден

цвет сосем се отворил, и неговото руменило е

толку изразито спрема белината на снегот! Таа

ружа цутеше и напролет, цутеше цело лето и

есен. Зошто да не цути и сега, кога мразови ја

стегнале земјата? Можеби сета смисла на нејзи-

ното суштествување и била во тоа да покаже

дека е тоа можно. Го посматрам тој црвен цвет.

Се извива тој сега на остриот ветар, извонредно

е осамен, безнадежен; но тој е сепак реалност,

не сум го измислил јас, јас сум само среќен што

ми се дало да го гледам и да раскажам за него.

Ружа

Ружо со лисје како меки усни,

Ти цутена на полјанка, те следам,

Те следам скришно, девојченце мое,

И само гледам, и само те гледам.

Ружо, јас сакам оној румен звук

Што во тебе се таи да го слушнам,

Ружо, јас сакам, и ќе дојдам вечер,

Ќе дојдам вечер скришем да те гушнам.

Конески: Кажувања

Околу чаршискиот стил на хуморот

... Кога ќе ми речат дека чаршијата има хумор, јас со тоа не се согласувам. Јас мислам дека таму хумор нема. Таму има пакосни шеги на луѓе што безделничат и гледаат како да го понижат некого што мине тука. Тој хумор јас не го примам. Тоа е еден балкански стил на средина којашто е доста стеснета и пакосна. Готова секој туѓ успех да го сведе на ниво на својата немоќ. Тоа е средина што располага со доста време за да ги развива тие својства. Јас сум од селска, патријархална средина и нашиот хумор влече корени од народни анегдоти, хумористични народни песни ....

Убавите жени – Блаже Конески

Убавите жени во мојот народтие брзо прецутувалекако цут од кајсијакако мајски јоргован.О неправда!Тие им припаѓале на неизбрани мажи,нивните коси дење сплетени во прцлињаноќе распуштени по градите и колковите.Нивниот постап на препелицанабрзо го сопинала унечка,нивната младост поминувалакако мирис на липа што го одвева ветрот.Набрзо тие седнувале на портасо наведната глава и издадени коленици,со нечујна издишка.Убавите жени, несреќните женитие брзо прецутувалекако цут од кајсијакако мајски јоргован.

Конески е ренесансна личност. Со неговото дело се вградуваме во светот на модерната цивилизација. Тој е творечка сила што извира од овие наши простори, со сензибилитет што му припаѓа на овој македонски народ. Неговото творештво го надминува локалното значење и станува универзално од повеќе аспекти.

Тој беше учител по човекољубие и човечност. Вонвременска личност, достоинство на македонскиот народ, јазичен гениј чие дело и денес ја надградува македонската култура.

243316104_886483502073948_65060133747330605_n 243426472_395826985450684_6604332001686361981_n 243525412_450060156389419_8022805753649249548_n 243556333_575272880262846_7538193922710061374_n