Росоманчани имаат три засилувања и во недела закажаа контролка со Вардар Неготино
Од 18 јануари ФК Росоман се подготвува за претстојната сезона во третата МФЛ- група југ која според најавите би требало да стартува на 20 односно на 27 февруари. Горан Тодоровски останува прв тренер и ке има задача преку баражот да обезбеди место во втората лига за кој има најави дека од следната сезона ке биде единствена.
Росоманчани за таа цел ангажираа три засилувања и тоа од екипата на Локомотива од Градско доведен е Емануел Елмазов – играч од средината на теренот. Во клубот од редовите на Плачковица се врати напаѓачот Игор Ѓорѓиев Тоти, а трето засилување е 20 годишниот дефанзивец Бојан Миланов. Во недела 6 февруари во 13 часот Росоман закажа пријателски натпревар на домашен терен против екипата на Вардар од Неготино. Првенството во третата лига југ ке стартува според ковид протоколите односно вакцинација на фудбалерите или тестови пред секој натпревар за оние кои немаат примено две дози вакцина. На 13 февруари на состанокот на раководството на третата лига југ, ке биде познат и бројот на екипите кои ке се натпреваруваат. Овој регион брои 14 екипи а на состанокот секоја од екипите ке мора да се изјасни дали ги прифака условите. Услов да започне сезоната е да има најмалку 6 пријавени екипи. Оние екипи кои нема да се пријават автоматски ке се преселат во понизок ранг односно општинска лига