Жителите на Сирково од денес ги активираа блокадите за градежната механизација на пристапниот пат кон селото – барањата се исти
М.З. од село Сирково од одржаната конференција донесе одлука штрајкувачкиот одбор повторно да организира мирни протести во вид на блокада на локалниот пристапен пат до с. Сирково на влезот во селото кај каналот за наводнување. Блокадата се однесува на градежната механизација која го користи локалниот пристапен пат до село Сирково за изградба на брзиот пат Градско – Прилеп. Од утринава блокадафата е активирана а жителите од село Сирково не отстапуваат од своите барања , а тоа се приклучок на брзиот пат Градско – Прилеп и село Сирково и целосно асфалтирање на пристапниот пат до село Сирково по завршување на градежните работи на патот Градско – ПрилепБлокадата ке продолжи и во наредните денови.
М.В.