МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Росоман обезбеди пари за изградба на тротоари крај магистралниот пат Градско-Прилеп

Општина Росоман обезбеди пари за изградба на тротоари крај магистралниот пат Градско-Прилеп кој минува овде, информираше денеска портпаролот на росоманската локална самоуправа, Ѓорѓи Крстевски. -Во најскоро време ќе се градат тротоари на улиците “Илинденска” и “Маршал Тито”, како и на крак од улицата “Пере Тошев”. Проектот е аплициран преку Вардарски плански регион, а средствата од 6 351 183,00 денари, се добиени преку Министерството за транспорт и врски и Бирото за регионален развој, соопшти тој. Заедно со изградбата на атмосферската канализација во тој дел за што општината ќе издвои милион и 700 илјади денари, додава Крстевски, ќе се докомплетира еден поголем проект кој е од големо значење за росоманчани.