МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се реализира проекторт на Фондацијата “Тиквешки вински пат„

Во Владата на Република Македонија, Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, и градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев како и Фондацијата „Тиквешки вински пат” потпишаа договори за кофинансирање на проектот “TERRA VINO” од првиот јавен повик во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција.

Станува збор за проектот „Тера вино”, или „Земја на виното”. Македонската страна добива 268.105 евра, од кои 40.215 евра кофинансирани од Министерството за локална самоуправа, а 227.889 евра од Европската унија.

Од грчка страна, во проектот се вклучени Министерството за внатрешни работи, Италијанско-грчката комора и Универзитетот Аристотел со отсекот за туризам.

Освен реконструкција на старата училишна зграда во Росоман, која ќе биде Центар за туризам и изложба на храна и вино, ќе се формира и македонско – грчки кластер и ќе се врши едукација за претставници на членките во него. Ќе се изработат и промотивни материјали. Во рамките на активностите, планирана е и промотивна туристичка тура низ Македонија и Грција насловена „Земја на виното”, за новинари и тур оператори.

– Сево ова е во функција на промоција на регионот и развој на туризмот, затоа што овој крај има потенцијал да им понуди многу нешта на домашните и странските туристи