Асфалтирање и изградба на канализација во Општина Росоман
Поволните временски услови а пред се добрите годишни планирања во буџетот и доброто менаџирање во Општинската власт во Општина Росоман овозможуваат интензивирање на комуналанта изградба овој период од годината.Според официјални инфромации од Локалната самоуправа дознаваме дека е во тек е изградбата на амосферска канализација во горната зона на Росоман.
Истовремено се реализира и завршниот слој-асфалтирањето на крак од улица „Цандо Кузманов“ во должина од 170 метри.
Ваквата динамика на изведбените работи, е знак дека успешно се реализира годишниот план за комунални зафати во ова општина.