Во петок, 25 март Советот на општина Росоман ке ја одржи редовната 8 седница. На дневен ред се неколку материјали по кои треба да се произнесе и комисијата за финансии и буџет.ж
Станува збор за годишните сметки на општинскиот буџет, на ОУ “Пере Тошев“ и детската градинка „Праскичка„. Комисијата за урбанизам,комунални дејности и заштита на животната средина и природата треба да се произнесе по предлогот за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Росоман за 2022 врз основа на поднесени иницијатови од правни и физички лица.
М.В.