„Денес врз основа на одлука на Влада бр.41-3162/1 на сметките на 729 овоштари исплативме 33.760.718 денари за надомест на штета од елементарните непогоди кои ги зафатија овошните насади во 2021 година. Владата излезе во пресрет на нашите овоштари и покажа вистинска грижа за овоштарите се со цел оддржување на насадот. Грижата за овоштарите но и за секој еден наш граѓанин ќе продолжи!“- ова на својот ФБ профил го напиша градоначалникот на Росоман Стојан Николов, што е информација од прва рака а за овоштарите од Росоманско доаѓа во вистински момент, со цел да продолжат да ги одгледуваат праските и дугите овошни насади со цел да се произведе поголема и поквалитетна количина на храна.