МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По подолго време на Градскиот фудбалски стадион во Градскиот парк „Љупчо Шкартов„- беа задоволни и играчите и публиката.Секако повод беше убавата игра и трите гола во мрежата на гостите,кои патем се први на табелата на 2 ФЛ Исток.Претседателот Масларков- доволен од целата претстава на Градски , тренерот Димитковски уверен дека тоа што го прави е исправно уште од лани.„Очекувано ,ни изјави , - дека ова победа за него не е изненадување.

-Тиквеш ќе продолжи и понатаму со борбена игра сите 90 минути, и за нас секој противник е важен, мора да извојуваме позитвен резултат, а пред се да победиме-вели Димитковски, кој денеска по натпреврот скомно, без еуфорија, го напишти Градски а потоа со своите играчи и Управата на клубот ја прославија ова голема победа на Тиквеш.

Да резимираме: ГФК Тиквеш беше убедлив во ова пресметка со лидерот Борец.Во ова 18 коло во Втората лига – Исток, го порази велешкиот тим со со 3-0 а можеше и со поголем резултат.

Амбиент на Градскиот стадион во Кавадарци, одличен.Над 1.500 гледачи , навивачите „Лозари Исток„ со останатата публика беа 12 играч.Позитивната атмосфера беше навистина вредно да се почувствува .Првиот гол во 27. минута го постигна Марјан Ристовски а Роберт Митев постигна два погодоци во 48. и во 57. минута за триумф од 3-0.

Според новите правила, веќе во вторник започнува новиот циклус на натпревари со второлигашите од Исток.ГФК Тиквеш во 15.30 на Градски се среќава со екипата на ФК Плачковица.Поддршката од пубиката е неминовна.

РЕЗУЛТАТИ -18. КОЛО

Брегалница – Каменица Саса 2-1

Детонит јуниор – Партизан Обршани 0-0

Кит Го – Кожуф 0-0

Тиквеш – Борец 3-0

Вардар Неготино – Плачковица 0-0

Со посредство на стрим преносот на РТК.МК , ова фудбалска престава беше следена од голем број наши сограѓани и други љубители на фудбалот од Кавадарци и оние кои живеат и работат во земјите од Европа и светот.

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/576549896152835/UzpfSTk3ODQzNjkxODg2NzA5NDoyNDE5NDYyNDc4MDk3ODU3/

dimitkovskinaklupa11.png

20190330_161356.jpg