МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НЕГОТИНЧАНИ НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ДОСЕГАШНИТЕ ПОСТИГАЊА ПА СЕ ОДЛУЧИЈА ЗА ТРЕНЕРСКА ПРОМЕНА

Македонскиот фудбал полека привршува и екипите ке имаат време да ги сумираат резултатите од стореното како и да направат план и програма за тоа што планираат напролет. Во услови на пандемија добро е што есенскиот дел привршува без поголеми проблеми. Во втората лига „Тиквеш“ финишираше како втор на табелата но со голем заостаток зад лидерот „Брегалница“.На екипата на „Росоман“ ке и претстои жестока борба за опстанок напролет. Третата лига југ уште се игра а таму „Локомотива“ од Градско одлично котира на самиот врв од табелата, „Вардар“ од Неготино е во златната средина а засега добро се држи и тимот на „Марена“. Сепак „Вардар“ од Неготино поради неочекуваните слаби резултати веке од сега почна да размислува за фудбалската пролет па по ремито во Башино Село се одлучи за тренерска смена. Досегашниот тренерот Марјан Стојанов си замина од неготинскиот третолигаш, а на негово место беше ангажиран Никола Глигоров довчерашниот тренер на второлигашот „Росоман“. Управата на „Вардар“ му се заблагодарила на Стојанов за досегашната соработка а бидејки досегашните резултати и квалитетот на играчите со кои располагаат не соодејствуваат за позицијата на која моментално се наоѓаат на средината на табелата па затоа е ангажиран искусниот Глигоров во обид да ја стабилизира екипата.Глигоров веке го одработи првиот тренинг со екипата а дебито на клупата ќе го има во недела, во дерби-пресметката против екипата на „Ново Црнилиште“.

м.в.